Претседателот на општинската организација на СДСМ Битола, Драган Крајовски оствари средба со пензионерите од битолското здружение.

„Средбите со пензионерите се секогаш пријатни. Особено, кога пензионерите се задоволни од Владата што ја предводиме. Мартовската пензија ќе биде повисока за 8,4% со што покажуваме вистинска грижа за стандардот на највозрасната популација. За само една календарска година нашите пензионери имаат вкупно зголемување на пензиите за 16%. Но, и по 16 месеци, сеуште го чекаат бесплатниот превоз што им го вети првиот човек на општината. Грижата за пензионерите е наша обврска“ истакна Крајовски.













