ТЕРА

REKLAMA???

КРЕАТИВЕН ДЕН ВО ОФИЦЕРСКИОТ ДОМ

Во Офицерскиот дом во Битола се одржа креативен ден, на кој можеа да се видат модни креации на ученици и нивните професори, заедно со модните креатори. Организатори беа средното општинско училиште „Таки Даскало Битола и Продукција „Божиловиќ” во соработка и поддршка со ЈОУ. Културен и информативен центар Битола.

Главниот збор го имаа средношколците од текстилната струка во СОУ „Таки Даскало” – Битола, заедно со локалните модни креатори според претходно зададена тема од професорите, а оригиналните модни креации ги носеа познати дами од градот.

Идејата на проектот била промовирање на текстилната насока, а ова е еден од начините да се врати заинтересираноста за оваа насока.

Настанот претставува линк помеѓу образованието и бизнис секторот, а организаторите поддржуваат и поттикнуваат претприемништво кај младите и валоризираат домашни брендови.