Кремљ соопшти дека ништо добро нема да дојде од денешната посета на украинскиот претседател Володимир Зеленски на Вашингтон и дека Русија не гледа шанси за мировни преговори со Киев.
Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков изјави дека континуираното снабдување со оружје од Западот за Украина ќе доведе до „продлабочување“ на конфликтот.
„Снабдувањето со оружје продолжува и опсегот на испорачаното оружје се проширува. Сето ова, се разбира, води кон влошување на конфликтот. Ова не е добро за Украина“, рече Песков.












