Денеска потпишав договор со кој се обезбедува континуитет на социјалната услуга „Помош и нега во домот“ и во текот на 2026 година. Оваа услуга е резултат на успешната соработка помеѓу Општина Крушево и Црвен крст Крушево, реализирана со поддршка од Министерството за социјална политика, демографија и млади, соопшти градоналникот на Општина Крушево, Нико Чонески.
Со договорот се обезбедени финансиски средства за ангажирање на 30 негуватели, кои активно работат на терен и ги опфаќаат градот Крушево, како и населените места Пуста Река, Свето Митрани, Пресил, Бучин, Алданци и Борино. Услугата „Помош и нега во домот“ претставува значајна поддршка за лицата на кои им е неопходна секојдневна грижа, овозможувајќи им навремена и квалитетна помош во сопствениот дом.
Со ова продолжуваме да вложуваме во подобрување на социјалната заштита и грижата за најранливите категории граѓани, посочува градоначалникот.
Крушево обезбеди континуитет на социјалната услуга „Помош и нега во домот“












