Димитар Кузмановски, дипломиран економист е носителот на советничката листа на ЛДП Битола.
Од партијата велат дека Кузмановски заедно со останатите советници од ЛДП ќе бидат вистинско освежување во идниот совет.
„Тој е личност кој не прифаќа неправди и личност кој не сака да знае за неуспех. Димитар Кузмановски со советничката група на ЛДП во идниот совет на Битола ќе му дишат во врат на новиот градоначалник и нема да дозволат советот да биди само алатка за гласање и исполнување на нечии партиски и лични желби и интереси. Димитар Кузмановски и останатите советници од ЛДП ќе го спречат пропаѓањето на Јавните претпријатија, ќе иницираат вистинско започнување и конечно завршување на донесувањето на генералниот урбанистички план, ќе го иницираат проектот ,,Битола Зелен град” , ќе ја продолжат ракометната и кошаркарската платформа и силно ќе се спротивстават на депонија од 18 општини во битолскиот крај. Димитар Кузмановски не знае за популизам и ќе работи прагматично, практично и во интерес на Битола и битолчани. Повеќе резултати помалку изговори“, велат од ЛДП.











