ТЕРА

REKLAMA???

„КУКУ“-НОВИОТ ВИДЕО ЗАПИС НА THE HOUNDS

Најновото видео на најпознатите прилепски рокери The Hounds е со наслов “Куку”. Песната е дел од нивниот втор студиски албум, кој го промовираа минатата година за нивниот 14-ти роденден.

Спотот е дело на “Студио 163”, a режијата е на Јосиф Трајкоски. Дејствието во спотот го одигра актерот Зоран Иваноски, а музиката и текстот за песната се дело на бендот.

Станува збор за впечатлива и лесно певлива динамична песна од албумот “Самосвест” . Аранжманот е на Јордан Манов.

Промоцијата на видеото беше на нивниот Јутјуб канал на првиот ден од април и достигна повеќе од четири илјади прегледи.