Претседателот на ОО на СДСМ Битола, Методија Куновски го честиташе Меѓународниот ден на Ромите на сите припадници на ромската заедница!
„Заедно со потпретседателот на партијата присуствував на свеченост во организација на здружението Ромско јато, која се одржа во Офицерскиот дом во Битола. На свеченоста, беше истакнато дека изминатите години направени се значајни чекори во зачувување на уникатната традиција и култура на нашите сограѓани од ромската заедница, како и унапредување на нивните права.
Пред сите нас остануваат уште голем број предизвици кои се содржани и во документот донесен во време на Владата на СДСМ, наречен Стратегијата за инклузија на Ромите 2020-2030 година. Да продолжиме да ги почитуваме вредностите на секој поединец и да вложуваме во општество во кое се цени придонесот на сите. Нека е честит денешниот Меѓународен ден на Ромите“ вели Куновски.















