Ризикот од нуклеарна војна е „сериозен и реален“, кажа шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров во интервју за руската државна телевизија, додавајќи дека Кремљ сака „да ги намали сите шанси за вештачко кревање на тој ризик“.
„Тоа е нашата клучна позиција, на која ги базираме сите наши одлуки. Ризиците сега се значајни. Не сакаме вештачки да ги креваме тие ризици, а многумина би го сакале тоа. Опасноста е сериозна и реална, не смееме да ја потцениме“, кажа Лавров.
Конфликтот во Украина ќе заврши со договор, но содржината на договорот ќе зависи од воената ситуација, додаде Лавров.
Во своето ноќно видео обраќање до нацијата, украинскиот претседател Володимир Зеленски рече дека победата на Украина е неизбежна, но дека е невозможно да се предвиди кога ќе заврши војната.
„Многу градови и заедници сè уште се под привремена контрола на руската војска“, рече Зеленски, додавајќи: „Но, не се сомневам дека е само прашање на време кога ќе ја ослободиме нашата земја“.
Претходно во своето обраќање, Зеленски го истакна фактот дека инвазијата, која започна на 24 февруари, штотуку ја премина границата од три месеци.
Генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш треба денес во Москва да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин.
Генералниот секретар на ОН вчера во Анкара се сретна со Реџеп Таип Ердоган, претседателот на Турција кој ОН до смета за добар домаќин на хуманитарните разговори на Украина и Русија.












