Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, во дипломатска офанзива во Египет, ги отфрли тврдењата дека Москва ја предизвикала глобалната криза со храна.
Тој ги обвини западните земји дека се обидуваат да ја наметнат својата доминација над другите.
„Ја потврдивме посветеноста на руските извозници на жито да ги почитуваат сите нивни обврски”, рече Сергеј Лавров на прес-конференција по разговорите со египетскиот колега Самех Шукри.
Договорот ќе овозможи извоз на 20 до 25 милиони тони жито блокирано во Украина и ќе го олесни извозот на руски земјоделски производи, со што ќе се намали опасноста од светска прехранбена криза, особено во Африка.
„Западот го продолжува конфликтот, иако на сите им е јасно чиј крај ќе биде тоа. Ние немаме ништо против продолжување на преговорите, но украинските власти на чело со претседателот и неговите безброј советници постојано велат дека нема разговори додека Украина не ја порази Русија на бојното поле. Украинците во тоа се охрабрувани од нивните сојузници, Лондон, Вашингтон, Берлин, Брисел. Така што, изборот е нивни“, кажа Лавров.












