Самитот меѓу рускиот претседател Владимир Путин и американскиот претседател Доналд Трамп во Алјаска ќе трае најмалку 6-7 часа, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. Според него, Москва тргнува од претпоставката дека лидерите прво ќе имаат приватен разговор.
Пред средбата американскиот претседаел Трамп изјави дека Путин смета оти нападите врз Украина му даваат преговарачка предност, но, според него, тоа му штети. На средбата ќе се разгледуваат и можни територијални отстапки, за кои, како што нагласи, одлуката треба да ја донесе Украина.
Вниманието на медиумите, а со тоа и на јавноста го предизвика рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, кој пристигна на Алјаска со џемпер со натпис „СССР“ (Сојуз на Советските Социјалистички Републики) и црн елек.













