Министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров пристигна во официјална посета на Турција. Тој во Анкара ќе разговара со турскиот колега Мевлут Чавушоглу.
Двајцата министри ќе разговараат за ситуацијата во Украина и Сирија, Либија и Нагорно Карабах, како и за ситуацијата на Балканот, Авганистан и Централна Азија.
Дел од медиумите јавуваат дека Лавров и Чавушоглу имаат намера да разговараат за можното решение на проблемот со извозот на украинското жито.












