Ослободувањето на украинскиот Донбас е „безусловен приоритет“ за Москва, додека другите украински територии би можеле сами да одлучуваат за нивната иднина, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.
Што се однесува до другите територии во Украина, „луѓето во овие области треба да одлучат за својата иднина“, додаде Лавров.
Делови од Донбас се под контрола на сепаратистите поддржани од Москва, а во последните денови фокусот беше ставен на битката за Северодонецк, кој се наоѓа на источната страна на реката Сиверски Донецк. Русите постепено, но континуирано го освојуваат Донбас, кој ги сочинува регионите Луганск и Доњецк.
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров ги отфрли шпекулациите дека претседателот Владимир Путин е болен.
Во последните недели се појавија гласини за влошена здравствена состојба на рускиот претседател, што Лавров сега ги демантираше.
Здравјето и приватниот живот на Путин се табу теми во Русија и за нив речиси никогаш не се зборува во јавноста, пренесе Телеграф.












