ТЕРА

REKLAMA???

ЛАМБЕ АЛАБАКОВСКИ НА СЛОБОДА, ОДЗЕМЕН МУ Е ПАСОШОТ

Пејачот Ламбе Алабаковски е пуштен на слобода, по завршувањето на осумдневниот притвор кој му беше определен за подметнувањето на пожарот во бугарскиот Културен центар „Ванчо Михајлов“ во Битола. Неговиот адвокат, Дарко Стефановски, информираше дека на пејачот му е одземен пасошот како мерка на претпазливост.

Претходно, на Алабаковски му беше одреден притвор со образложение дека постои можност за бeгство оти пејачот поседува двојно државјанство, македонско и на САД. Потоа, Алабаковски беше префрлен во куќен притвор.

Тој се гони за предизвикување општа опасност.