ТЕРА

REKLAMA???

ЛЕДЕНА БУРА ВО ТЕКСАС

Зимското невреме, проследено со ледена бура, парализира поголем дел од САД, предизвикувајќи откажување на повеќе од 1700 летови низ земјата, запирање на сообраќајот на меѓудржавниот автопат низ Арканзас и предизвикувајќи сериозни сообраќајни несреќи во Тексас.

Само вчераутро во Тексас биле пријавени околу 7000 прекини на електричната енергија, а тоа се должело на мраз на далноводите или урнати дрвја.

Училиштата и колеџите во Тексас, Оклахома и Арканзас најавија дека ќе бидат затворени, а наставата ќе се изведува онлајн.