ТЕРА

REKLAMA???

ЛЕКЦИЈА ЗА РАБОТНИЧКИ, ПЕЛИСТЕР ВТОРПАТ ГО НАДИГРА НАЈТРОФЕЈНИОТ КЛУБ

КК Работнички – КК Пелистер 79-88

Последниот натпревар од 13. коло донесе игрa со доста осцилации, прво резултатски, а потоа и играчки. Иако без двајца стартери, Стајиќ и Хаџифејзовиќ, Пелистер имаше супер-старт во „СРЦ Кале“, во раната фаза од мечот се стекнаа „зелените“ со убедлива предност, но некако премногу лесно ја испуштија, му дозволија на домашниот тим да ја анулира. Но не и да стигне до победата.

Со 30 поени лидер на Пелистер беше Карпентер, а 18 поени и 7 асистнеции додаде Карутерс.

После овој особено важен триумф во Скопје, „пелистерци“ имаат ефект од десет победи и три поразси, и сега се само на еден чекор зад лидерот МЗТ Скопје Аеродром.