Тој е лидер на партијата, но не значи дека мора да е кандидат за било што. Вака вели Горан Тасковски, претседател на Македонска Ера Трета Суверенисти, прашан дали на овие локални избори ќе биде кандидат за градоначалник на Битола.
Нема да биде кандидат за градоначалник, во моментов одлучуваат кој од двајца потенцијални ќе биде кандидат, а Тасковски нема да биде ниту носител на советничката листа, со која ќе настапат на локалните избори.
Се согласува дека условот за два потписи за кандидирање на независни листи може да направи проблем на изборниот процес, но вели тоа било целта.
Во продолжение целото интервју со него.












