ТЕРА

REKLAMA???

ЛИЗ ТРАС Е НОВАТА БРИТАНСКА ПРЕМИЕРКА

Досегашната шефица на дипломатијата на Велика Британија, Лиз Трас, е новата британска премиерка, објавија од Конзервативната партија.

Таа победи во внатрепартиската битка против доскорешниот министер за финансии Риши Сунак. Според најавите, денеска официјално ќе ја преземе функцијата и потоа ќе треба да почне да назначува министри во својот кабинет.

Трас, која беше министерка за надворешни работи во времето на Џонсон, станува трета жена премиер на земјата по Тереза Меј и Маргарет Тачер.

Таа наследува економија која потенцијално оди во долга рецесија и криза со трошоците за живот.

Трас вети намалување на даноците, а исто така, вети дека ќе дејствува брзо во справувањето со енергетската криза.