Изложбата од уметникот Филип Перески , “ЛИНИЈА, ФОРМА И ПРОСТОР” синоќа е отворена во ликовната галерија од ЦК”Марко Цепенков” во Прилеп.
Поставката содржи слики и скулптури преку кои, како што вели м-р Викторија Димеска, уметникот ликовно ги истражува бескрајните можности и начини со коишто инвентивно ги реконтекстуализира – линијата врз дводимензионалната површина на сликарското платно и формата во тродимензионалниот простор.
Филип Перески е академски уметник, работи како наставник по ликовно образование во Прилеп и има реализирано повеќе самостојни и групни изложби и учествувано на колонии.












