ТЕРА

REKLAMA???

ЛИСИЧАНСК Е МЕТА НА СИЛЕН НАПАД СО АРТИЛЕРИСКО ОРУЖЈЕ

Украинскиот град Лисичанск продолжи да биде мета на силен руски напад со артилериско оружје, велат регионалните власти. Тие велат дека градот, кој е последното украинско упориште на истокот, е подложен на „огромно“ бомбардирање. Руските сили, исто така, гранатирале цивилни населби во регионот Дњепропетровск, пишува Радио Слодна Европа.

Шефот на воената администрација на регионот Луганск, Серхи Гајдеј рече дека Лсичанск е постојано гранатиран од руска страна со оружје со голем калибар. Русите се обидуваат да го опколат стратешкиот град со што Москва би го освоила индустрискиот центар на Украина – Донбас.

Москва претходно по неколкунеделни борби ја презеде контролата врз соседниот град Сјевјеродонецкм, при што загинаа стотици цивили и го претворија градот во урнатини, а сега руските сили се насочени кон Лисичанск.