ТЕРА

REKLAMA???

МАВРОВСКИ: „БИТОЛСКИОТ ТЕАТАР Е ЗАГУБАР“ – AMA „ГЛАДНИ“ УМЕТНИЦИ СЕ ПОКРЕАТИВНИ

Дебитантското претставување на Дамјан Димовски ја освои публиката,  за која директорот на театарот Васко Мавровски вели се враќа на претставите. Претставата е уште една содржина којашто сепак неможе да ја пополни финансиската празнина на битолскиот театар од 4 милиони денари или 65.000 евра. Со директорот Васко Мавровски разговаравме по најавната прес конференција  за ”Чорбаџи Теодос”. зборувавме и за долговите со кои се соочува театарот, за можноста да се реализира театарска програма кога се должи.

Премиерата на „Чорбаџи Теодос“ синоќа ги врати насмевките на лицата на публиката којашто дури и не сакаше да замине. Режисерското поставување и адаптацијата на текстот од Билјана Крајчевска таман колку да се отслика вордингот на новото време за да се испратат пораките за системот на вредности кој морада биде уважен. Ако  Иљоски беше фокусиран на класната, социјалната поделеност, Димовски и Крајчевска  се фокусирани на поделеноста заради предрасуди и стереотипи. Но сите ja понудија моралната порака за потребата од меѓусебно почитување, разбирање, солидарност….

Последната премиера на Народен Театар Битола уште еднаш покажува дека класичното поставување на претстави е вистинскиот чекор кон привлекување на публиката во градот, а битовата драма на Васил Иљоски „Чорбаџи Теодос“ конвенира на моралните дилеми кои сеуште се присутни. Во разговорот со директорот најпрвин прашањето зошто претстава по текст од Васил Иљоски.

„Васил Иљовски е македонскиот класик, македонскиот Шекспир. Она што го ветивме на почеток пред преземање ма НТБ како директор и како уметнички совет којшто за првпат функционира во НТБ, нашето ветување беше дека ќе се занимаваме со македонски автори и дека ќе дадеме шанса на македонските уметници особено на младите кои се на почетокот на својата кариера. И некако ова е микс од тие наши ветувања, дека се занимаваме со Васил Иљоски, со „Чорбаџи Теодос“ којшто го режира Дамјан Димовски и којшто со оваа претстава треба да го заврши факултетот и да стане и официјално дипломиран режисер“- рече Мавровски дообјаснувајќи се со содржината и пораките на текстот.

За гостувањата надвор од државата годинава посочи дека надлежното министерство им доделило средства за гостување во Ереван, а дел од претставите кои се на репертоар ќе одат на фестивали.

За долгот од 4 милиони денари или околу 65.000 евра Мавровски неволно зборува, веројатно имајќи предвид дека неговиот претходник Иван Јерчик е негов колега актер. Но, одговори и одговорност треба да им бидат понудени и на должниците, и на граѓаните – публиката на битолскио театар што е национална установа. Потрошени биле пари колку еден годишен буџет на театарот, вели Мавровски во следниот дел од разговорот, се трошело малку мегаломански,  и, да имало ефект би било во ред, но потрошените пари и очигледното недомаќинско работење довеле до негативен ефект – репертоар што тоне и изгубена публика.

Бројките ја потврдуваат констатацијата на Мавровски дека публиката му се враќа на битолскиот театар, а синоќешната премиера покажа дека новата репертоарска политика која се реализира од септември лани е погодена, за сите возрасти. Во процесот, ансамблот игра веќе поставени претстави, истовремено подготвува нови, според најавената програма за работа.

 

Погледнете го целото интервју на следната врска што ве води до YouTube.