Едно лице е убиено, а друго тешко рането кога маж вооружен со мачета вчера нападнал две цркви во шпанскиот град Алхесирас, соопшти министерството за внатрешни работи на земјата.
Шпанските судски власти, според Асошиејтед прес го истражуваат инцидентот како можен терористички акт, а полицијата се обидува да ги утврди мотивите за нападот.
Според информациите, напаѓачот е уапсен и се наоѓа во притвор во шпанската национална полиција. Од министерството за внатрешни работи на Шпанија не го соопштиле идентитетот на осомничениот.
Инаку, локалните медиуми јавуваат дека во нападот се повредени уште три лица.












