Македонија загуби со 0-3 од Грузија во натпреварот од 3-то коло од групата во Лига на нации.
Тежок пораз од Грузија на арената „Тодор Проески“ во Скопје, вакви се коментарите по вечерашниот натпревар на домашен терен.
На прес-конференцијата по натпреварот селекторот Благоја Милевски го изрази своето незадоволство од резултатот, но најави борба до крајот на групната фаза.
„Грузија одигра добар натпревар, но кога ќе загубиш на ваков начин на ваков натпревар, не знам што да кажам. Имавме три лоши реакции, игравме добро и да контролиравме игра 50 минути, па и по првиот гол, а потоа паднавме. Грузија не доби на физичко ниво, сметам дека се ниво над нас, тоа беше пресудно според мене. Немам замерки за играчите, за тоа што го дадоа на теренот. Жално е што кога доминиравме, не постигнавме гол, два или повеќе, но одиме понатаму. Следниот натпревар в недела ќе се обидеме да се консолидираме“ рече Милевски.
фото: ФФМ












