ТЕРА

REKLAMA???

МАКЕДОНИЈА ПРОМАШИ СЕДМЕРЕЦ ЗА ПОБЕДА ПРОТИВ АЛЖИР НА МЕДИТЕРАНСКИТЕ ИГРИ

Ракометната репрезентација на Македонија на Медитеранските игри во Алжир одигра многу интересен и крајно неизвесен меч против домаќинот Алжир, кој на крајот заврши нерешено 24:24 (15:15).

Најдобар стрелец кај Македонија беше Мартин Серафимов со пет гола, пред Марко Митев, Иван Џонов, Игор Ѓорѓиев, Томислав Јагуриновски со по три реализации. Следниот натпревар на Медитеранските игри нашиот национален тим го игра на 30 јуни, а противник е репрезентацијата на Шпанија.