ТЕРА

REKLAMA???

Македонската дизајнерка Стефанија Насеска Попадинец блесна на Модната недела во Харбин, Кина

Македонската дизајнерка Стефанија Насеска Попадинец со импресивна колекција се претстави на Модната недела во Харбин.

„Модната недела во Харбин за мене дојде сосем неочекувано. Како дизајнер кој веќе 15 години твори на македонската така и на интернационалната модна сцена, учевството на Harbin Fashion Week ми дојде како подарок и ‘’јагода на шлагот’’ за мојата досегашна кариера.“-изјави таа за ТЕРА Телевизија.

Овој пат инспирација беше архелошкиот локалитет Стоби и целата убавина и мистичност која тој ја има. „Како дизајнер кој најчесто твори на теми кои ја промовираат нашата историја и нашата држава сметам дека го направив вистинскиот избор, затоа што колекцијата беше уникатна и доста забележана во Кина, како од публиката така и од стручната фела од цел свет присутни на настанот. Од секогаш сум имала пасија кон археологијата и ако не станев дизајнер најверојатно ќе бев археолог. Работејќи на теми од археологијата си најдов начин како да ја задоволам својата неостварена желба а притоа да бидам уникатна меѓу колегите. “-појаснува дизајнерката.

Во фокусот се најдоа мозаиците, столбовите, пронајдени скулптури меѓу кои и Херкуланката од Стоби, Дионис, три глави од девојки за кои според положбата на вратовите се претпоставува дека се реплика на античката скулптура “Три грации“. Уште неколку други археолошки артефакти беа реализирани како 3Д изгледи со декоративни елементи и беа претворени во гардероба.

„Колекцијата да биде целосно бела дојде од бојата на мермерот од кои се направени статуите. А апликациите на грозје на самата гардероба од култот на Дионис кој го имале граѓаните на Стоби. Периодот на ранохристијанство беше промовиран преку пауните кои беа инспирирани од мозаиците од крстилницата и декоративните столбови со пауни кои денес се наоѓаат во народниот музеј во Белград. Пауните се рачно изработени како 3Д декоративни елементи.“-вели Стефанија.



Критериумите за учество на овој врвен моден настан во Харбин се мошне високи бидејќи се работи за настан од светски калибар, но македонската дизајнерка едноставно беше незаобиколна со својата уникатна колекција.

„Испратив доста фотографии од мојата досегашна работа, ЦВ за мојата кариера дома и во странство, но мислам дека најмногу ги освои мојата последна колекција, мојот дизајнерски печат, уникатноста и автентичноста кои ги нудев јас како дизајнер. Фотографиите кои ги испратив од таа колекција беа од модниот едиторијал направен со нашиот екстра талентиран моден фотограф Стефан Соколовски. При крајот на Ноември добив телефонски повик на кој бев известена дека сум избрана да бидам еден од учесниците на 12то издание на Harbin Fashion Week. Не можев да поверувам на повикот, но веднаш се зафатив со работа на нова колекција која ни малку не беше лесна за реализација. По неколку дена добив втор повик на кој ми побараа контакт од Стефан за да го поканат и него таму. Останатото е приказна за раскажување.“-вели таа.



Таа посочи дека целиот настан бил со одлична организација. „Цела организција на настанот е на беспрекорно ниво, со добра светлосна и звучна и визуелна опрема, просторот е огромен, позади сцената секој дизајнер има своја просторија за приперми, преку 20 шминкери и уште толку фризери, многу голем број на професионални модели, камермани, фотографи, логистика. Ова е најголем интернационален моден настан во Кина и се мора да биде перфекно, организаторите се премногу горди на успесите кои ги постигнуваат. Настанот се одржа од 9-15ти Јануари, а мој ден беше 12ти Јануари. Деновите пред ревијата се прави кастинг на модели (избор на манекени и манекенки) кој можеби е најважен за една ревија, а јас таа чест му ја препуштив на мојот драг Стефан и на неговото богато интернационално искуство, па го назначив за кастинг директор и не згрешив во изборот, ги имав најдобрите од најдобрите модели. После изборот се прави проба и се определува кој манекен/ка што би носеле, тој дел од подготовките ги поминавме многу брзо. Следните денови следуваа кореографија и проби со професионален режисер и јас имав среќа да го имам режисерот од Виетнам чија идеја беше Стоби да го донесе на сцената во Харбин и неговиот тим ми направи анимација со фотографии од Стоби и мозаикот со пауни на подот од пистата, се тоа го вклопи со магично осветлување и сцената изгледаше точно како да се наоѓаш на археолошкиот локалитет. А музиката која специјално за ревијата ми ја припреми Дамјан Божиноски, само ја надополни магијата . Реакциите после ревијата беа фантастични особено од стручните лица и колеги ми кажуваа дека навистина се чувтвувале дека се во Стоби и дека цела таа мистика и колекцијата ги пленила. После ревијата следуваше прес за сите новинари и фотографи. Кратко кажано одлична организација.“-вели таа.