Маскираните Василичари денес го раздвижија Новаци.
Месното население уживаше во традиционалната василичарска прослава пред општинската зграда на платото облеано во сонце.
„Како што е адетот и традицијата денес ги пречекав маскираните василичари-бабари, по повод празникот Василица. Нека е за многу години! Среќна, бериќетна и успешна Православна Стара Нова година!“-порача градоначалникот на Новаци, Стевче Стевановски.














