Министерството за внатрешни работи соопшти дека на 14.06.2022 во 16.50 часот во СВР Битола, вработена во Конзулатот на Руската Федерација во Битола пријавила дека било одземено знамето на Руската Федерација, кое било закачено на зградата на конзулатот на улица „Маршал Тито“.
Полицијата вели дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Фото: Архива












