ТЕРА

REKLAMA???

МЕДВЕДЕВ: АПСЕЊЕТО НА ПУТИН БИ ЗНАЧЕЛО ОБЈАВУВАЊЕ ВОЈНА

Се зголемува бројот на земји кои го поддржуваат создавањето на специјален трибунал со поддршка на Обединетите нации (ОН) кој ќе ја смета Русија одговорна за агресијата врз Украина, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Во јануари, Европскиот парламент усвои препорака за резолуција за создавање на специјален суд за злосторството на руската агресија врз Украина. Една недела подоцна Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ) едногласно гласаше за формирање на Трибуналот.

Апсење на рускиот претседател Владимир Путин врз основа на налогот за апсење издаден минатата недела од Меѓународниот кривичен суд (МКС) би претставувало „објавување војна“ против Москва, предупреди Дмитриј Медведев, член на Советот за безбедност на Русија.

Странските поддржувачи на Украина треба да бидат подготвени да ја задржат својата воена поддршка долго време, изјави генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

Кинескиот предлог е добра основа за решение, но Западот и Киев не се подготвени за такво нешто. По три дена средби во Москва, Си Џинпин и Владимир Путин го предупредија да не се преземаат било какви чекори кои би можеле да го турнат украинскиот конфликт во неконтролирана фаза.