По осми пат Институтот за комуникациски студии од Скопје организираше Mедиумски ден за средношколци. Се организира во рамки на проектот: „Употреба на новинарство засновано на факти за подигање на свеста и спротивставување на дезинформациите во медиумскиот простор во Северна Македонија – Користи факти”.

Тера телевизија денеска беше посетена од средношколци од Битола.

Средношколци од гимназијата Јосип Броз Тито беа нашите први гости во текот на денот. Ги запознавме со нашата работа, со значењето на телевизијата, односно нејзината улога во денешното време, за кредибилноста на содрините и вестите кои што се произведуваат, како и за тоа колки и како медиумите се борат против дезинформацијата.
Посебен предмет по медиумска писменост нема, тоа беше и темата за која ги прашавме нивните професори.

А колку средношколците ги препознаваат лажните вести и како тие се однесуваат?

Следната група беа средношколци од средното општонско училиште „Таки Даскало“. И едната и другата група средношколци не се ученици кои не знаат што е медиумска писменост, препознаваат каде ги има дезинформацијата и според она што го слушнавме и тие се свесни за опасноста од дезинформците, но сепак најчсто како и сите малди луѓе се присутни на социјалните мрежи.

Но, дали е потребно посебен предмет медиумска писменост во рамките на образовниот процес и тоа да почнува од пониските одддленија во основното образование, ја прашавме нивната професорка.

Традиционалните медиуми и денеска ја уживаат довербата од јавноста.

Се надеваме дека и со овој медиумски ден ние заедно со другите медиуми вклучени во овој ден и со Институтот за комункациски студии успевме да придонесме во предизвикот на денешнината против дезинформациите со користење на факти.












