Поплавите кои ја зафатија Пелагонија на 7 јануари поради најдојдените водотеци беа причина за оштетување на металната ограда која беше поставена во локалниот канал пред Студентскиот дом со цел да штити сметот да не завршува во каналот.
Надојдената вода на 7 јануари изврши притисок врз оградата, по што истата беше извадена од каналот. Но, искривена и оштетена сега стои веднаш до мостот пред Студентскиот дом во Битола.
Од невремето кое ја зафати Битола поминаа повеќе од две седмици, но оградата ниту е вратена на своето место, ниту пак е тргната од зелената површина во близина на коловозот.
Глетката под мостот пак укажува на потребата од заштитната ограда, бидејќи насобраниот смет во секој момент може да заврши во каналот.
А токму затнувањањето на каналите со смет ги влошува состојбите во периоди со интензивни врнежи.




















