ТЕРА

REKLAMA???

Прва седница на Меѓуопштинскиот одбор за управување со отпад во Пелагонискиот и Југозападниот регион

Денес во Битола, Меѓуопштинскиот одбор за управување со отпад во Пелагонискиот и Југозападниот регион ја одржа својата прва седница. На истата се собраа 18 градоначалници.

Градоначалник на Општина Новаци Стевче Стевановски, кој е претседател на Меѓуопштинскиот одбор за управување со отпад за Пелагонискиот и Југозападниот регион, вели дека со ова започна оперативната фаза и исполнувањето на обврските од регионалниот систем за управување со отпад. Посебен акцент беше ставен на планираните активности за првата половина на 2026 година, меѓу кои се изградбата на претоварни станици и набавка на возила и опрема, изработката на новиот Регионален план за управување со отпад, формирање на регионалното комунално претпријатие, зајакнување на комуникацијата со граѓаните, собирање и управување со податоци за отпадот, како и јасно дефинирање на обврските на општините во процесите.

На состанокот беше истакнато дека воспоставувањето на МОУО е резултат на повеќегодишна координирана работа на општините од двата региона, институциите и меѓународните партнери, и претставува важен чекор кон создавање модерен, ефикасен и одржлив систем за управување со отпад. Во рамки на седницата беше презентирана и новата веб-платформа „Регион без отпад“, која е во изработка, а која ќе служи како централно место за информации, координација и транспарентна комуникација со јавноста, како и за следење на работата на МОУО и напредокот на регионалниот систем. Посебен акцент беше ставен на планираните активности за првата половина на 2026 година, меѓу кои се изградбата на претоварни станици и набавка на возила и опрема, изработката на новиот Регионален план за управување со отпад, формирање на регионалното комунално претпријатие, зајакнување на комуникацијата со граѓаните, собирање и управување со податоци за отпадот, како и јасно дефинирање на обврските на општините во процесите, вели Стевановски.

Членовите на Одборот истакнаа дека наредниот период ќе биде клучен за поставување стабилни основи за функционален систем кој ќе обезбеди подобри и поефикасни услуги за граѓаните, поголема заштита на животната средина и зголемена институционална одговорност. Со оваа седница, МОУО ја потврди својата улога како клучно тело за координација, планирање и надзор на реформите во управувањето со отпад во двата региони, со јасна заложба за транспарентност, соработка и вклучување на јавноста во процесите што следуваат, вели Стевановски.

Работата на Меѓуопштинскиот одбор за управување со отпад е поддржана од проектот „Одржливо управување со отпад на локално ниво“, финансиран од Шведска и имплементиран од SALAR International, во соработка со општините и националните институции.