Најновата песна на Влатко Лозаноски – Лозано, кој ја промовираше по повод својот роденден е со наслов „Ме нервираш“. Aвтори на истата се Лазар Цветкоски, односно музика и аранжман, додека пак текстот е дело на Магдалена Ена Цветкоска – тимот со кој Лозано соработува од почетокот на својата кариера.
Како и за сите други песни, така и за оваа Лозано и неговиот тим на соработници снимија видеоспот во прекрасниот хотел „Мирор“ во Скопје. Како режисер на ова видео се потпишува Дарио Јанковиќ, а главната улога во спотот ја има манекенката Ана Марија Јанковиќ.
„Со нетрпение го чекав овој ден за да ја објавиме мојата најнова песна. Ќе бидам искрен и ќе кажам дека мене ова ми е една од подрагите песни и мислам дека ја споделуваме со публиката во вистинско време“ – вели Лозано.
Тој за кратко време на публиката и промовира две песни. Пред два месеци тој ја објави песната „После полноќ“, па сега дојде редот на „Ме нервираш“, а тој со неговиот тим веќе работат на подготовки за снимање на видеоспот за уште една нова песна.
Летово Влатко и неговиот бенд настапуваат низ повеќе градови во нашата земја, а следните концерти се закажани во Скопје, Тетово и Битола.













