ТЕРА

REKLAMA???

МИЛЕВСКИ И РИСТОВСКИ ЖАЛАТ ЗА ПРОПУШТЕНАТА ПОБЕДА ВО РАЗГРАД

Македонија денес одигра нерешено со Бугарија во Разград 1-1 на стартот на Лигата на нации а нашиот селектор ,Благоја Милевски, не крие дека не е задоволен од резултатот.

„Игравме со носителот во групата и требаше да победиме. Задоволен сум од начинот на кој пристапија фудбалерите и како го одиграа второто полувреме. Не сум задоволен од резултатот“, вели Милевски.

„Имавме повеќе ситуации да дојдеме до водство и да победиме. Во првите 15 минути ни се случи деконцентрација а тоа нѐ чинеше гол. На крајот си одиме само со бод“, без зборовите на Милан Ристовски кој го изедначи резултатот на стартот на вториот дел.

Утре изутрина македонската делегација патува за Гибралтар, каде ќе го игра вториот натпревар од Лигата на нации.