Нема поголема чест, нема поголемо задоволство кога во пресудните моменти заедно со народот влегуваш во битка и ја добиваш, рече денеска на прес конференција, претседателот на ОК на ВМРО ДПМНЕ Битола, Пеце Милевски кој е и кандидат за пратеник од петтата изборна единица.
„Нашата кандидатка идната претседателка на Македонија Гордана Силјановска Давкова, во Битола освои двојно поголема поддршка од кандидатот на СДС.
И резултатот на државно ниво ја потврдува огромната предност. Разликата во гласовите е поголема во корист на кандидатката на ВМРО ДПМНЕ и коалицијата Твоја Македонија, од бројот на вкупно освоените гласови на сега второпласираниот во вториот круг на претседателската трка.
Огромна благодарност изразуваме до сите граѓани на Битола за големата поддршка и уверени сме дека на 8 мај Битола само уште посилно ќе ја потврди одлуката за промени, одлуката институциите да профункционираат, државата повторно во рацете на граѓаните, Македонија повторно горда, моја, твоја, наша“ рече Милевски во присуство на канидатите за пратеници и градоначалникот на Битола, Тони Коњановски.












