ТЕРА

REKLAMA???

МИНИМАЛНАТА ПЛАТА ЌЕ БИДЕ 20.175 ДЕНАРИ

Почнувајќи од април минималната плата во државата ќе биде повисока за 2.175 денари и од 18.000 ќе се покачи на 20.175 денари”, изјави денеска претседателот на Владата Димитар Ковачевски, по завршувањето на денешниот Економско социјален совет на кој беше донесена одлуката за зголемување на минималната плата во државава.

„Како што ветивме, го исполнивме ветувањето. Ова значи над 12% зголемување на основната минимална плата. Секој работник следниот месец ќе ја зема оваа плата како минимална. Согласно законот за административни службеници којшто е усогласен со законот за минимална плата тоа значи дека линеарно ќе се усогласат платите на 27.000 работници како и во другите сектори во кои законите се усогласени со законот за минимална плата. Оваа одлука покажа дека со системски решенија се гради вистинско партнерство меѓу синдикатите, работодавците и Владата кои што сите претставници сакам да ги поздравам и дека тоа е начинот за зголемување и на платите и на стандардот на граѓаните”, изјави премиерот Ковачевски.

Министерката за труд и социјална политика, Јована Тренчевска изјави дека од 2017 година имаме континуирано зголемување на минималната плата и споредбено со 2016 кога минималната плата изнесуваше 10.080 денари, денес зборуваме за минимална плата што е повисока за над 10.000 денари.

„Само да потсетам, минимална плата е најнискиот месечен износ на основна плата која работодавачот е должен да му ја исплати на работникот за работа извршена за полно работно време.

Денешново решение значи дека ниту еден работодавач во земјата, не смее да исплати плата во бруто износ понизок од 29,739 денари или во нето износ понизок од 20.175″, изјави Тренчевска.

Од Сојузот на синдикатит на Македонија ги повикаа сите работодавачи, како во приватниот така и во јавниот сектор, да најдат сили и начин да ги усогласат платите и на останатите вработени.

Од Организацијата на работодавачи рекоа дека отсекогаш ги поддржуваат системските и законски решенија и секојпат се стремат да ги мотивираат и да ги наградат добрите работници.