ТЕРА

REKLAMA???

МИНИМАЛНАТА ТЕМПЕРАУРА ВО БИТОЛА НУЛА, А МАКСИМАЛНАТА ОСУМ СТЕПЕНИ

Во текот на ноќта и изутринава времето беше умерено до значително облачно. Намалена облачност утрово има во североисточниот дел од земјава. Дуваше слаб до умерен ветер претежно од северен правец. Во Битола минималната температура беше 0 степени.

Од УХМР информираат дека времето денеска е претпладне променливо облачно, а попладне сончево со мала до умерена облачност. Во југозападните делови ќе се задржи пооблачно и ќе има слаби локални врнежи, во пониските подрачја од дожд, а во повисоките од снег. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 7 до 13 степени. Во Битола со максимална темепратура од 8 степени.

Утре ќе има преодно стабилизирање на времето со минималните температури кои на повеќе места ќе се спуштат под нула. За време на викендот и во почетокот на следната седмица времето ќе биде променливо облачно со повремнени локални врнежи од дожд, а на планините од снег.