Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска е во работна посета на Киев, каде што ќе има средба со украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба и други високи државни претставници на Украина.
Тој на својот фејзбук продил сподели фотографии и напиша дека пристигна во Киев.
„Тукушто допатував во Киев, каде покрај средбата со мојот колега, Дмитро Кулеба, во функција повторно ќе ја ставиме и нашата амбасада во Украина. Северна Македонија стои цврсто во поддршка на храбриот украински народ“ пишува Османи.














