Мистериозниот блесок кој го осветли небото над украинскиот главен град Киев предизвика многу шпекулации, пишува Би-би-си. Во средата навечер на небото над Киев е забележан објект, соопшти регионалната воена администрација, пишува Радио Слободна Европа.

Тие на Телеграм наведоа дека украинските сили за воздушна одбрана се подготвени да го урнат објектот и ги повикаа жителите да останат во засолништа.

Украинскиот пратеник Олексеј Гончаренко на Твитер потврди дека е забележан „силен блесок на светлина“ над областа, но „не се слушнала експлозија“.
Официјални лица во Киев изјавија дека се сомневаат дека сателит на НАСА паднал на Земјата, но американската вселенска агенција изјави за Би-Би-Си дека нивниот сателит се уште е во орбитата.

Американската вселенска агенција претходно оваа недела објави дека сателитот тежок 300 килограми повторно ќе влезе во атмосферата во среда.












