ТЕРА

REKLAMA???

МИЈУШКОВИЌ ЌЕ ГО МЕНУВА КУКУЛОВСКИ ВО ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2

РК Еурофарм Пелистер ја извести јавноста дека од денес нов член на нашиот клуб е младинскиот репрезентативец на Црна Гора, Богдан Мијушковиќ. Се работи за 20-годишен лев бек, кој доаѓа во Македонија од шампионатот на Словенија, каде го носеше дресот на Добова. Се работи за еден од најголемите црногорски таленти на неговата позиција, а зад себе има настапи и на големи натпреварувања за својот национален тим.

Мијушковиќ ги мина лекарските прегледи и веќе неколку дена тренира со своите нови соиграчи. Официјалното претставување на Мијушковиќ е предвидено за утрешниот ден.