Дека во потрага за подобар живот талентот може уште повеќе да се надоградува и усовршува е примерот на нашиот млад битолчанец Петар Крстевски (14), кој од неговата шеста година ги бранеше боите на Пелистер, а од септември 2021 година поради преселба во Виена, Австрија игра за Рeд Стар Пензинг во Првата WFV-Лига U14 – Виена каде е стандарден првотимец на позицијата десен бек. Како негов успех резултат во досегашниот ангажман постигна три гола и запиша десет асистенции. На крајот на првенството Ред Стар Пензинг заврши на второто место во лигата, додека во втората полусезона остварија девет победи и два нерешени натпревари. Со неговите константно добри игри сериозно се наметнува во конкуренција за Македонската репрезентација У14.
„Во Австрија живееме заедно со мојата фамилија веќе една година. Чувството да се игра во овај тим е прекрасно, има деца од цел Балкан, од јужниот континет Африка и сите сме како една голема фамилија. Ме прифатија многу брзо и добро се прилагодив на разликата од Пелистер каде тренирав од моите шест години. Тука има многу подобри услови за тренирање, клубот поседува четири терени, теретана, соблекувални со сите услови за престој, одмор и туширање. Исто така имаат и сопствен бар за освежување. Работата на двајцата тренери е многу професионална и посветена, а тренинзите се многу поинтезивни и по соодржајни, клубот е организациски многу подобар од битолски Пелистер, од каде имам само убави спомени бидејќи таму ми се првите почетоци и постигнат гол“… ни раскажа Петар.












