Од 4 до 10 јуни шест млади од Македонија, Мила, Илија, Ангела, Дариј, Симона и Даки ја претставуваа државата на Ерасмус + младинска размена Democracy in motion ( Демократија во движење) што се одржа во Крајова во Романија.

Тие се дел од организацијата Сфера Интернешнл, Битола и беа дел од проектот кој обедини млади од повеќе европски држави. Преку интерактивни работилници, дебати, симулации, играње улоги и тимска активност, учесниците ги учеа принципите на демократијата, човековите права и , проактивниот граѓански активиззам. Посебно искуство им биле посетите на Градскиот Совет на Крајова и Парламентот на Романија, кадешто имале можост директно да разговараат со претставници на институциите за теми што се од интерес на нивната генерација.

Ерасмус + младинските размени велат се многу повеќе од патување. Тие се можност младите да стекнат нови знаења, лидерски и комуникациски вештини, да развијат чувство за европско граѓанство, да создадат пријателства што ги надминуваат границите. Неизостгавен дел од програмата вообичаено се интеркултурните вечери, каде секоја земја ја претставува својата култура, традиција, обичаи, покажувајќи дека различностите зближуваат.

Даки, Дејан Шикоски вели „По седум дена исполнети со учење, тимска работа, практикување демократија, забава и дружба, завесата на оваа среќна приказна се спушти со желба, надеж и ветувања за идна плодна меѓусебна соработка и активизам во создавањето на промени значајни за сите млади ширум Европа.“
фотографии: деки














