Иако имавме неверојатно успешна летна светска сезона, нашиот најсветски проект (според квалитетот во својата индустрија) доаѓа оваа есен – и доаѓа од дома!
На 31 октомври ќе присуствувате на нешто што е многу повеќе од било каков стенд ап – ќе присуствувате на еден чуден хумор, и уште почудно шоу.
Па така,
Avalon International Booking со невидено задоволство ви најавува:
МОДЕРНИЗАМ И РЕНЕСАНСА ВО ЖИВО ОД СЦ ЈАНЕ САНДАНСКИ НА 31 ОКТОМВРИ!
Како специјални гости, овојпат од Австралија сигурно доаѓаат Stojanoski Brothers, како и Моторџијата, Кломпарот, Битолчанката, Жане…
а, тука за вас ќе бидат и нашите драги гости, Павле и Боцо!
Влезниците ќе бидат во продажба од четврток (18 септември) во 10:00 часот наутро онлајн на avalonbooking.mk, а сите информации околу влезниците, нивната цена и категории ќе бидат објавени утре на нашите платформи.














