Два беспилотни летала беа соборени рано во неделата во Москва, јави руската државна новинска агенција ТАСС, повикувајќи се на локалните власти и службите за итни случаи, пишува Радиот Слободна Европа.

„Украинските беспилотни летала извршија напади вечерва“, напиша на Телеграм градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин.
Оштетени се фасадите на две деловни згради. „Сепак, нема загинати или повредени“, рече Собјанин.

Московскиот аеродром Внуково во југозападниот дел на руската престолнина е затворен за летови за полетување и пристигнување, пренесува ТАСС. Летовите беа пренасочени. Сепак, летовите продолжија на другите аеродроми во регионот.
Руските сили синоќа одбија напади на 25 украински беспилотни летала на Крим, соопшти Министерството за одбрана во Москва, наведувајќи дека нема жртви. Противвоздушната одбрана уништи 16 украински беспилотни летала, се наведува во соопштението на министерството.
Останатите девет украински беспилотни летала, се неутрализирани со електронски уреди и паднале во Црното Море.











