Во изминатите 48 часа, руските сили, се мачеа да ги одржат офанзивните дејства северозападно и источно од Киев, при што украинските копнени сили повторно ја вратија територијата што ја изгубија, според Генералштабот на вооружените сили на Украина. Украинците велат дека сега успеале да ги опколат градовите Буча, Ирпин и селото Хостомел северозападно од Киев, окупирани од Русија.
Претходно оваа недела Украинците го вратија стратешки лоцираното село Макарив надвор од Киев. Голем дел од успехот зависи од тоа што Украинците ги таргетираат веќе проблематичните линии за снабдување на Русија.
„Првата фаза од операцијата во Украина е завршена. Борбениот потенцијал на вооружените сили на Украина е значително намален, што ни овозможува да се фокусираме на постигнување на главната цел ослободување на Донбас”, изјави Сергеј Рудској, висок руски воен претставник во Москва.

Руското министерство за одбрана соопшти дека 1.351 руски војник загинале во борбите во Украина од почетокот на војната, а дека 3.825 се ранети.
Украинската армија соопшти дека руските сили со проектили ја нападнале командата на украинските воздухопловни сили во западна Украина.
Според извештајот, нападот предизвикал значително уништување на инфраструктурата.
Руските сили ја изгуби контролата врз Херсон, единствениот заземен голем украински град, изјави неименуван претставник на Пентагон.













