Учениците на Државното музичко училиште од Битола, продолжуваат со добивање на награди на меѓународни и државни натпревари кои се одвиваа периодов.
Па така Јана Блажевска II клас, освои I-ва награда за соло пеење на Меѓународниот конкурс “Лемари”, Минск, Белорусија.Корепетитор, проф.м-р Александра Ристовска, а е во класата на проф.м-р Маја Митровска.

Алексеј Белевски освои Прва награда со освоени максимални 100 поени на меѓународниот натпревар Сирмиум фест – Србија .Тој е во класата на проф.Марија Шамоска Буџаковски.

Мила Нечовска освои I награда на Меѓународниот натпревар ,,Ola de Talentos”- Шпанија, и е во класата на проф.Ана Стефановска.

Следуваа натпреварите во организација ЗДНМБУ „Хармонија МБ“, кои се реализираат 13 години. Наградени беа:
Клавирска класа: Арсениј Ангелески II клас – 1 награда, Димитриј Стојчевски I клас – 2 награда, Анастасија Петреска I клас – 2 награда, Андреа Николовска II клас – 2 награда (Класа проф. Татјана Божиновска); Љубица Здравковска IV клас – 1 награда, Михаил Јагуриноски III клас – 2 награда, Јована Арсоска III клас – 2 награда (Класа проф. Јана Четелева Белевска); Давид Стојчевски I клас – 3 награда (Класа проф. Билјана Димовска); Николче Петкоски I клас – 3 награда (Класа проф. Маја Божиновска); Аница Нелоска I клас – пофалница (Класа проф. Верица Дивитарова).
Камерна музика: Дуо пијано Димитриј и Давид Стојчевски I клас – Специјална награда (Класа проф. Маја Божиновска).
Дувачка класа: Мевљуд Асаноски II клас, Специјална награда, кларинет, проф.Марјан Бакревски; Бојан Илиевски III клас, Специјална награда, ударни инструменти, проф.Зоран Ристевски; Јана Блажевска II клас, Специјална награда; Матеа Стојаноска II клас, II награда, соло пеење, проф.м-р Маја Митровска; Ангела Стојанова II клас, II награда, соло пеење, проф.Магдалена Наумоска; Илија Гелевски III клас, II награда, хармоника, проф.Владимир Андревски; Мартин Андреевски – II клас, I награда; Андреј Чокузовски II клас, I награда; Андреј Илиоски IV клас, Специјална награда; Мартин Стојаноски, II клас, II награда; Mатеј Апостоловски, III клас, II награда; Александар Велковски III клас, II награда-Кларинет, Проф.Спире Јовановски.
Ана Матеска I клас, I награда, Софија Петкоска II клас, II награда, Ана Трсунова III клас, I награда, Леона Мариќ IV клас, I награда(Флејта, Проф.Александар Стефановски); Петар Костадиновски, I клас, I награда (Труба, проф.Трајче Поповски); корепетитори, проф.м-р Александра Ристовска, проф.Елена Ѓеоргиева, проф.Горјана Стојановска, проф.Верица Дивитарова.
Гудачка класа: Наталија Николовска IV клас, виолина II Државна награда, проф.Игор Милевски, Јована Димоска II клас, виолина II Државна награда, проф.м-р Валентин Наумов; Андреј Деспотоски III клас, виолина II Државна награда, проф.м-р Валентин Наумов; Емилија Богоевска III клас, виола I Државна награда, проф.Никола Трајановски; Емилија Богоевска III клас, виола и Аница Нелоска II клас, пијано (камерна музика) II Државна награда, проф.Никола Баљаревски.
Корепетитори: проф.м-Александра Ристовска и проф.м-р Маја Божиновска.
Меѓународниот фестивал на Полихимниа е манифестација која традиционално се одржува седма година по ред во втората половина од месец март низ концертните сали ширум главниот град.
На натпревар наградени беа: Димитриј Стојчевски – 1 награда, Арсениј Ангелески – 1 награда, Андреа Николовска – 1 награда, Анастасија Петреска – 1 награда (Класа проф. Татјана Божиновска); Давид Стојчевски – 2 награда (Класа проф. Билјана Димовска); Софија Михајловска – 1 награда (Класа проф. Маја Божиновска).












