Битолчанката Надја Петровиќ ја претстави својата најнова изложба “Кршливоста на светулките” во Музејот на град Скопје,изложба составена од дела во масло на платно во голем формат.
Насловот го носи симболот на светулките кои се појавуваат еднаш во лето и брзо но славно “блескаво” исчезнуват. Авторката Надја Петровиќ во овој циклус го има изградено својот сликарски јазик во фигуративното сликарство, каде што доминираат човекот и човековата состојба како резултат на неговото дејствување. Современиот реализам и ликовната сликарска техника на фигурацијата на нејзините избрани човекови модели се темелен и студиозен приказ на актот и на неговите прекршувања, акцентирани преку апстрактни форми во однос на емоциите, идентитетот и опкружувањето.

Изложбата беше пратена од џез музичките звуци на светки познатите музичари – браќата Гаро и Диран Тавитјан.
Надја Петровиќ со своето дело “Never on Sunday” vo 2019- тата се претстави во Музејот на американска уметност „Бигс“ (Biggs Museum of American Art) во Далавер, Америка, како единствена авторка која не е од САД. Нејзиното учество во Музејот “Бигс“ е доказ за нејзиниот голем талент, а делото со кое таа ја претстави и Македонија (со димензии 200 на 160 сантиметри), беше дел од серијaтa нa слики – илузијa и реaлнoст.
Петровиќ е родена во Битола 1991 година. Дипломира 2013 година оддел сликање и цртеж на Уметничката Академија во Фиренца. На истата престижна Академија магистрира во 2017 година на одделот за визуелни уметности и нови форми на уметничко изразување. Истата година е и првата самостојна изложба во Скопје. Таа како млад автор учествува на повеќе групни ликовни настани а, во 2019 година учествува на паралелен уметнички настан за време на одржувањето на 58–то Венецијанско Биенале. Нејзините дела се наоѓаат низ приватни галерии низ повеќе светски метрополи.












