ТЕРА

REKLAMA???

НАД 250 ЗАГИНАТИ ВО ЗЕМЈОТРЕС ВО АВГАНИСТАН

Според досегашните информации од локалните власти во погодените области во Авганистан, најмалку 255 луѓе загинале во силниот земјотрес почувствуван во авганистанско-пакистанскиот пограничен регион. Уште најмалку 155 лица се повредени во земјотресот во провинцијата Пактика.

Земјотресот со интензитет од 6,1 степени по Рихтеровата скала во раните утрински часови ги погоди густо населените Авганистан и Пакистан.

Американскиот геолошки завод (УСГС) пак подоцна објави дека земјотресот имал интензитет од 5,9 степени.

Епицентарот на земјотресот бил на околу 50 километри југозападно од градот Хост во близина на границата со Пакистан на длабочина од околу десет километри.

Земјотресот се почувствувал во распон од околу 500 километри во Пакистан, Авганистан и во Индија, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки центар.