ТЕРА

REKLAMA???

НАД 2700 ЗАГИНАТИ ВО ЗЕМЈОТРЕСОТ ВО МЈАНМАР

Бројот на загинати во разорниот земјотрес што го погоди Мјанмар се искачи на 2719, додека 4521 лице се повредени, а 441 се водат како исчезнати, се наведува во изјавата на генерал Мин Аун Хлајн, лидерот на воената хунта во земјата. Генералот предвидува дека бројот на жртви би можел да надмине 3000.

Поради големиот број на жртви во земјата е прогласена седумдневна жалост.

Земјотресот со јачина од 7,7 степени, чиј епицентар беше во близина на градот Мандалеј, на длабочина од околу 20 километри, беше почувствуван и во Тајланд и во други азиски земји. Неколку минути подоцна имаше уште еден земјотрес со интензитет од 6,4 степени.

Голем број земји почнаа да испраќаат хуманитарна помош во Мјанмар и Тајланд по силниот земјотрес.