Над 500 смртни случаи се евидентирани во Шпанија, поврзани со топлотниот бран што ја зафати западна Европа.
Делови од Европа, вклучително и Шпанија се соочуваат со големи пожари и регистрирани рекордно високи температури.
Според шпанскиот метеоролошки институт, овој топлотен бран може да биде најинтензивниот регистриран досега и еден од трите најдолги.
Вчера повеќе од 60 француски општини ги регистрираа највисоките температури досега. Дури и Буњон, град кој се наоѓа на крајниот север од државата регистрираше температура од 39,6 целзјусови степени, или два степени повисоко од претходниот рекорд.
Грчките пожарникари во голема мера добро се справуваат со шумските пожари кои два дена беснеат северно од Атина. Пожарите беа причина за евакуација на илјадници луѓе.
И Португалија се бори со шумските пожари. Високите температури и силните ветрови ја отежнуваат борбата со огнената стихија која зафати помеѓу 10 и 12 илјади хектари во близина на Мурка.
Италија гори во повеќе региони. Најсилниот пожар е во близина на Трст и градот е под закана дека ќе остане без вода и струја.
Вчера за првпат 40 степени достигна и Велика Британија, надминувајќи го претходниот рекорд за 1,6 степени.












