ТЕРА

REKLAMA???

НАД 900 ЗАГИНАТИ ВО ЗЕМЈОТРЕСОТ ВО АВГАНИСТАН

Во силниот земјотрес кој го погоди Авганистан загинаа најмалку 920 луѓе, а стотици се повредени.

Епицентар бил околу 44 километри од североисточниот град Кост, а тресењето се почувствувало и во Пакистан и Индија, како и 500 километри низ Авганистан, објави Европскиот медитерански сеизмолошки центар.

Земјотресот бил со јачина од 6,1 степен според Рихтерова скала и се случил во раните утрински часови кога многумина спиеле.

Локалните власти изјавија дека стотици куќи се уништени, а бројот на жртвите ќе расте. Ова е најсмртоносниот земјотрес во земјата во изминатите две децении.