Утрово 2 степени на Попова Шапка, 5 Маврови Анови, Лазарополе, 6 Крушево, 7 Крива Паланка, 8 Претор, Берово, 9 Скопје-Зајчев Рид, Скопје-Петровец, Тетово, Куманово, Охрид, Прилеп, Кавадарци, 10 Битола, Виница, Велес, Струмица, 11 Гевгелија, 13 Штип, Демир Капија.
Времето денеска променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Наместа ќе биде нестабилно со поинтензивни процеси во форма на невреме со пообилен пороен дожд, појава на грмежи и засилен ветер.
Дневната температура ќе биде во интервал од 13 до 20 степени. Во Битола до 16 степени.












